Јуниорките ја победија Молдавија, уште еден чекор до пласман на ЕП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55
Фудбал
16/11/2017 15:42

Јуниорките ја победија Молдавија, уште еден чекор до пласман на ЕП

Јуниорките ја победија Молдавија, уште еден чекор до пласман на ЕП

Женската јуниорска репрезентација на Македонија славеше убедлива победа против Молдавија со 44-25 во вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Словенија (У19). По стартниот пораз од Унгарија, македонските јуниорки денеска одиграа многу посигурно и ја потврдија фаворитската улога против многу послабата селекција на Молдавија која вчера беше поразена и од Фарски Острови (33-15). Уште по првиот дел, македонската репрезентација имаше  водство од 22-10, а во вториот дел го потврди триумфот со убедливи 19 гола разлика.

Со оваа победа, избраничките на селекторот Борче Марковски, се чекор поблиску до пласман на ЕП. Утрешниот дуел меѓу Македонија и Фарски Острови (19.30 ч.) ќе биде решавачки за второто место во групата кое носи пласман на ЕП.

Глигорјадис со осум гола беше најефикасна во македонскиот состав, Иванова и Николовска постигнаа по пет, а Божиновска, Гајиќ, Гичевска и Николиќ запишаа по четири гола. Бондаренко постигна седум гола за репрезентацијата на Молдавија.

Унгарија во вториот натпревар славеше убедливо против Фарски Острови со 41-16 и го осигура првото место во оваа квалификациска група. Пласман на ЕП во Словенија обезбедуваат првите две репрезентации во групата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.