Јуниорките преку Фарски Острови обезбедија пласман на ЕП 2017

Женската јуниорска репрезентација на Македонија обезбеди пласман ЕП 2017 во Словенија за ракометарки до 19 години. Во последниот решавачки од квалификациите што се играа викендов во Скопје, Македонија славеше против Фарски Острови со 23-19 (15-10) и го осигура второто место во групата што носи пласман на европското првенство.

Македонските јуниорки вчеар беа убедливи против Молдавија, а со втората победа против Фарски Острови денeска стигнаа до посакуваната цел да настапaт во завршницата на ЕП во Словенија.

Леонида Гичевска со седум гола беше прв стрелец во македонскиот состав, Гајиќ постигна шест, а по три гола додадоа Николовска и Стефановска.

Покрај Македонија, пласман на ЕП од оваа квалификациска  група обезбеди и селекцијата на Унгарија која супериорно го освои првото место со максимални три победи. Во последниот меч од групата, Унгарките ја победија Молдавија со неверојатни 65-20!

Се вчитува...