Јуниорките убедливо поразени од Хрватска на ЕП

Јуниорската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Хрватска (35-14) на стартот од Европското Првенство што се одржува во Словенија.

Нашите репрезентативки со трема влегоа во натпреварот и скапо платија за тоа, играјќи очајно прво полувреме во кое постигнаа само три погодоци. Недозволива беше очајната реализација откако по голот на Гајиќ за 6-3 (втор за оваа ракометарка) Македонија речиси дваесет минути не постигна ниту еден единствен погодок.

Хрватска го искористи ова за на одмор да замине со двоцифрена предност од 14-3, по што вториот дел беше рутина за „коцкестите“, кои уште повеќе ја зголемија предноста, се до конечните 21 гол разлика.

Леонида Гичевска со седум гола беше најпрецизна во редовите на нашиот национален тим, каде Гајиќ, Божиновска и Николовска по два пати се запишаа меѓу стрелците, а еден погодок беше дело на Камческа.

Се вчитува...