Јусуфи против Шкупи…како на времето Бразилецот Роналдо (ВИДЕО)

Ренова загуби на гостувањето на Чаир против Шкупи со 4-1, но единствениот гол што го постигна Фатјон Јусуфи беше вистинско ремек дело. Во стилот на Бразилецот Роналдо, кој своевремено додека играше во дресот на Барселона ја зема сам топката од своето поле, ги мина противничките фудбалери и постигна гол.

Слична акција успеа да направи и Фатјон Јусуфи. Тој ја освои топката во сопственото поле, во соло пробив дојде до 20 метри од голот на Шкупи, и ’распали’ постигнувајќи прекрасен гол.

Се вчитува...