Јуве го најде наследникот на Бонучи, пристигнува светски првак

Дефанзивецот на Шалке, Бенедикт Хеведес ќе биде заменикот на Лео Бонучи во редовите на Јувентус. Германскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор, а ќе заработува 3 милиони евра по сезона. Останува да се најде компромис меѓу двата клуба за сумата, дали Хеведес прво ќе биде позајмен една годин со согласност следната сезона Јуве да го откупи за 10 милиони евра, или пак италијанскиот првак уште сега ќе исплати 20 милиони евра.

29-годишниот дефанзивец реши да го напушти германскиот клуб откаку му беше одземена капитенската лента пред почетокот на оваа сезона. Хеведес потекнува од академијата на Шалке уште од 2001 година, во синиот дрес забелажа 240 настапи во Бундеслигата, а постигна и 12 гола. Негов најголем успех во кариерата е освојувањето на Светското првенство со репрезентацијата на Германија во 2014 година.

Интер и Ливерпул беа останатите клубови кои се интересираа за услугите на Хеведес, но шампионскиот статус за Јуве беше главна причина за неговата преселба во Торино.

Се вчитува...