Јуве ја доби Сампдорија, го загуби Дибала

Италијанскиот првак Јувентус славеше со 0-1 на гостувањето против Сампдорија, но го загуби поради повреда Пауло Дибала, кој мораше да ја напушти играта уште во првото полувреме. Се стравува за повреда на бутниот мускул, повреда која може да го оддалечи околу три седмици.

„Старата дама“ успеа да стигне до нови три бода со погодокот на Хуан Квадрадо во седмата минута од средбата. Со тоа Јувентус ја задржа предноста од десет бода на врвот на табелата пред Наполи.

0-1 Juan Cuadrado Goal 18.10.2016 HD by dailyfootballkick

Аталнта очекувано ја совлада Пескара со 3-0, со головите на Гомез (два) и на Граси. Фиорентина стигна до триумф од 0-1 во самиот финиш на гостувањето против Кротоне. Калиниќ беше стрелец на победничкиот погодок. „Лацијалите“ немаа „муниција“ на денешното гостување кај Калјари, играјќи без голови.

Резултати Италија: Аталанта – Пескара 3-0, Болоња – Киево 4-1, Калјари – Лацио 0-0, Кротоне – Фиорентина 0-1, Сампдорија – Јувентус 0-1, Емполи – Наполи 2-3.

Се вчитува...