Јувентус дефинитивно се откажа од Шик

Патрик Шик требаше да биде долгорочно решение за нападот на Јувентус во годините што следат, но „старата дама“ во последен момент се повлече и реши да не го комплетира трансферот на младинскиот чешки репрезентативец. Тој ги изврши лекарските прегледи уште за време на ЕП во Полска, потоа трансферот беше одложуван, за денеска и дефинитивно да бидат потврдени гласините дека Шик не ги минал прегледите, поради што Јувентус се откажува од негов ангажман.

Ова е смешно. Она што му го нашле е еднакво на настинка. Го зедоа кога го бараа четири други клуба, а сега го откажуваат трансферот“ – бесен беше претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро.

За очекување е сега во офанзива по Шик да тргне Интер, со оглед на фактот дека Сампдорија секако ќе инсистира на негова продажба за сума над 20 милиони евра.

Се вчитува...