Јувентус го казни Бонучи за караницата со тренерот Алегри

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, заработи казна од клупското раководство за неодговорниот однос кон тренерот Масимилијано Алегри на дуелот од Серија А против Палермо во петокот. Тој имаше жестока караница со Алегри на самиот терен, пред целата јавност, со што го наруши клупското реноме.

Според италијанскиот „Тутоспорт“, кој е многу близок до Јувентус, клубот му одредил финансиска казна на Бонучи според правилникот, и со тоа ова поглавје е завршено. Тимот е максимално фокусиран на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Порто в среда.

Се вчитува...