Јувентус го очекува „бурно“ лето – договорен и Денис Прает

Јувентус по сите изгледи го довори вториот трансфер по Емре Џан за на лето, од редовите на Сампдорија ќе пристигне Денис Прает. Италијанските медиуми информираат дека е постигнат договор за играчот за врска, вредноста на трансферот треба да изнесува 25 милиони евра, додека фудбалерот ќе се пресели во Торино дури по крајот на оваа сезона.

„Старата дама“ најверојатно ќе вклучи и некој играч во овој „дил“, со тоа што би ослободиле дел од средствата кои се наменети за плата на фудбалерите.

Белгискиот интернационалец пристигна во тимот на Сампдорија во летото 2016 година како големо засилување од Андерлехт. Калчолигашот за него исплати 10 милиони евра, а уште при самото купување му ја вметнаа клаузулата од 25 милиони евра.

Од стартот на оваа сезона Прает е стартер на речиси сите натпревари и при тоа се запиша како асистент на три гола.

 

Се вчитува...