Јувентус го следи Томас Лемар

Јувентус се интересира за услугите на крилото на Монако, Томас Лемар, пишуваат италијанските медиуми. Младиот Французин сезонава покрај Мбапе, Фабињо, Бакајоко и другите блеска во дресот на „кнезовите“ и во француското првенство и во Лигата на шампиони, а тоа не помина незабележано од европските гиганти. Јувентус веќе извесно време бара играч како Лемар. Даглас Коста од Баерн Минхен и соиграчот на Лемар од Монако, Бернардо Силва се главните желби на Алегри, но ако потфрлат во обидите да ангажираат некој од нив, „старата дама“ ќе тргне по францускиот интернационалец.

Клубот од Торино ќе има конкуренција за потписот на Лемар од Манчестер јунајтед и Челси, а се спомнува и Барселона доколку Жардим ја прифати понудата да биде нивен тренер, па да го земе Лемар како прво појачување за каталонците.

Раководството на Јувентус ќе  има шанса да го гледа Лемар во два наврати против нивниот тим, бидејќи Монако ќе се сретне со „старата дама“ во полуфиналето од Лигата на шампиони. Лемар во домашното првенство досега забележа седум гола и шест асистенции, додека во елитното европско натпреварување четири пати асистираше и се радуваше на два гола. За репрезентацијата на Франција одигра два меча и тоа пријателски, против Шведска и против Брегот на Слоновата Коска.

Се вчитува...