Јувентус ја припитоми Барса на „Камп Ноу“

Јувентус патува во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако успеа да одигра реми без голови на „Камп Ноу“ против Барселона. Најавите на Лионел Меси и другарите дека ќе направат ново чудо и дека барем три пати ќе ја тресат мрежата на Џанлуиџи Буфон, не се остварија. Тимот на Масимилијано Алегри имаше потполна контрола на играта и на резултатот.

Каталонците немаа идеја како да ја пробијат одбраната на Јувентус. Се обидуваше Меси, но без ефект, солираше Нејмар, ’глумеше’ Суарез, но се беше попусто.

barsa so juve 2

Јувентус одигра активен натпревар, дури и беше поопасен кон голот на Тер Штеген. Огромната предност (0-3) од првиот меч апсолутно не беше загрозена во текот на реваншот, па италијанскиот тим заслужено обезбеди пласман во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...