Јувентус му нуди на Манџукиќ зголемување на платата и „дил“ до 2020 година

Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да го задржи хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ во своите редови до 2020 година. Раководството на „старата дама“ е подготвено да му понуди значително зголемување на годишната плата за тој да остане во Торино и во наредниот период.

Манџукиќ има актуелен договор до 2019 година, според кој заработува 3,5 милиони евра по сезона, но челниците на клубот размислуваат да ја зголемат на 5 милиони евра, со тоа што Хрватот би се согласил за верност до 2020 година. Тренерот Масимилијано Алегри му верува на хрватскиот напаѓач, кој е стандарден во навалната линија заедно со Пауло Дибала и со Гонзало Игуаин.

Оваа понуда би требало да биде доволна за Манџукиќ да ја одбие мегапонудата што ја доби од Кина и да ја продолжи соработката со најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...