Јувентус му пресуди на Михајловиќ, Торино бара нов тренер

Раководството на Торино му врачи отказ на тренерот Синиша Михајловиќ по вчерашниот пораз од Јувентус од 2-0 во четвртфиналето на италијанскиот Куп. Српскиот стратег ја изгуби довербата од  клубот откако успеа да забележи само три победи во последните 17 меча во сите натпреварувања. Валтер Мацари е меѓу првите кандидати кој се споменува дека ќе ја преземе одговорноста и ќе се обиде да ја „спаси“ сезоната на „биковите“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, покрај слабите резултати Михајловиќ доби отказ бидејќи управата смета дека назначување на нов тренер во јануари ќе му овозможи на клубот да се засили со неколку трансфери, а со тоа би се направиле и првите чекори кон реорганизирање на тимот.

Михајловиќ беше назначен за тренер на Торино летото 2016 година, два месеци откако доби отказ од Милан, а претходно ги водеше екиите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, како и репрезентацијата на Србија.

Се вчитува...