Јувентус се вклучи во трката за Иван Перишиќ

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ беше блиску до трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, но сега во трката сериозно се вклучува и италијанскиот првак Јувентус. Како што наведува весникот „Тутоспорт“, кој е близок до „старата дама“, Јувентус би сакал да го ангажира Перишиќ за да ја засили конкуренцијата на крилните позиции.

Интер е решен да го продаде Хрватот, со оглед дека мора да обезбеди 30 милиони евра за да го подмири финансискиот фер-плеј, но „нероаѕурите“ бараат 50 милиони евра за продажбата на Перишиќ. Засега најблиску до него беше Жозе Мурињо, но сега интерес покажува и Масимилијано Алегри. Сепак, прашање е дали раководството на Интер ќе сака директно да го засили својот конкурент од Серија А, тимот на Јувентус.

Се вчитува...