Јувентус тргнува со сите сили по Марсијал

Францускиот интернационалец Антони Марсијал е фудбалерот што Јувентус го посочи како приоритетен за ангажман за претстојниот преоден рок. Марсијал не е задоволен од улогата што ја има во тимот, минутажата уште повеќе му се намали со доаѓањето на Алексис Санчез, а со оглед на фактот дека договорот му истекува во јуни 2019 година јасно е дека доколку не потпише продолжување јунајтед ќе размислува за продажба во текот на летово.

„Старата дама“ планира да ја искористи ваквата ситуација и веќе подготвува офанзива за да го доведе одличниот крилен офанзивец во своите редови. Во Јувентус се свесни дека Дибала би можел да си замине доколку добие мегапонуда во теекот на летово, а во Марсијал се гледа како на играч што би придонел заминувањето на Аргентинецот да не остави преголема дупка во навалната линија на „старата дама“.

Французинот би имал само уште една година од договорот, но Јуве подготвува понуда од над 50 милиони евра, се со цел што поскоро да го договори овој трансфер, со надеж дека договорот би бил потпишан пред почетокот на СП во Русија.

Се вчитува...