ЗА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ…: Кокеза сакал да игра против Грузија, Муслин не дозволил!?

Повеќе од „шпанска сапуница“ се претворија случувањата во и околу фудбалската репрезентација на Србија, и тоа откако обезбедија пласман на Светското првенство во Русија следната година.

Селекторот кој ги одведе Србите на Мундијалот, Славољуб Муслин доби отказ, како што рече поради специфични несогласувања со ФСС околу начинот на кој треба да се води репрезентацијата.

Print skrin muslin i kokeza

Но, Муслин сега во изјава за српски „Курир“, дополнително отворајќи се пред јавноста, пренесува интересни информации каде всушност „пукнала тиквата“ со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза… Првиот човек на ФСС, верувале или не, сакал да игра на квалификацискиот дуел против Грузија!?

„Кокеза побара од мене да биде на клупата меѓу фудбалерите на натпреварот со Грузија. Мислев дека се шегува…, нормално дека не дозволив. Но, потоа дојдоа проблемите“ – вели Муслин за „Курир“.

Србија сега ќе ја води привремено Младен Крстајиќ, пред официјалното назначување на новиот селектор.

Се вчитува...