Кадетите на Работнички го освоија Купот на Македонија

Кадетскиот тим на Работнички е освојувач на Купот на Македонија, откако во денешното финале во Охрид ја совлада Академија Пандев со убедливи 3-0.

Rabotnicki kadeti 2

Екипата што ја предводи Горан Станковски беше доминантна и славеше со головите на Стефан Богдановски, Марио Станковски и на Миле Тодоров.

„Романтичарите“ ќе играат и во младинското финале во Купот на Македонија, а ривал исто така ќе им биде Академија Пандев.

Се вчитува...