Кака го одби Коринтијанс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Кака го одби Коринтијанс

Рикардо Кака нема намера да се врати во бразилскиот шампионат бидејќи смета дека може да понуди уште многу на фудбалските терени ширум Европа. Челниците на Коринтијанс подготвуваа одлична понуда за да го убедат бразилскиот генијалец да се врати во татковината, но Кака при кратката средба со нив јасно ставил до знаење дека својата иднина се уште ја гледа на „Стариот континент“. 
 
Бразилецот повторно ќе има само епизодна улога во тимот на Реал Мадрид, но сепак инсистира на останување во таборот на „кралевите“. Кака денеска требаше да има средба во четири очи со Жозе Мурињо, но дури и доколку му биде ставено до знаење дека може да си бара нов клуб, тој ќе настојува да остане во Европа. Поранешниот клуб Милан важи за фаворит во трката по овој фудбалер, за кого се интересираат и францускиот вицепрвак ПСЖ, како и актуелниот европски шампион Челси.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.