Како да се запре Кире Лазаров – лесно е да се каже, тешко да се направи

mec baner

Словенија забележа две победи на стартот на овој мундијал, а по минималниот триумф над Исланд избраниците на Веселин Вујовиќ немаа премногу време за славје, фокусирајќи се на пресметката со Македонија. Миха Зарабец, кој беше клучен играч во финишот против Исланд, најавува дека Словенците ќе сторат се за да стигнат до нов триумф, бидејќи нивна главна цел е да стигнат најмалку до второто место во групата, што би им донело полесен ривал во осминафиналето.

Нема да имаме дополнителен притисок бидејќи по победата над Исланд го обезбедивме осминафиналето. Сепак, не планираме да застанеме бидејќи наша цел е да стигнеме барем до четвртфиналето, за што неопходно е да бидеме што подобро пласирани во групата и да добиеме нешто полесен противник на стартот од нокаут фазата. Имаме свои квалитети, знаеме како игра Македонија, ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да стигнеме до нова победа“ – истакна Зарабец.

Средниот бек на Целје пред почетокот на мундијалот имаше изјава за словенечките медиуми дека Македонија најмалку одговара на неговата селекција поради бавниот стил на игра. Во меѓувреме нашиот национален тим изненади многумина со инсистирањето на напад „седум на шест“ против Тунис, но според Зарабец клучот за успех против Македонија останува ист – да се запре Кире Лазаров.

Играте поразлично со седум на шест, но суштината се уште е иста, се се врти околу Кире Лазаров. Тој или шутира, или асистира до крилото или пивотот. За да да се победи Македонија неохподно е да се запре Лазаров, е сега тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи бидејќи капитенот на вашата репрезентација игра на највисоко ниво со години наназад. Сепак, јас верувам во нас и во нашата одбрана и очекувам со цврста игра да одговориме на предизвикот и да стигнеме до победата“ – порачува Миха Зарабец.

Се вчитува...