Како гори Чешка во скопскиот „вулкан“ (Видео)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) се среќава со Чешка во клучниот натпревар за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. Историјата се повторува, па уште еднаш решавачки за нашиот национален тим ќе биде домашниот дуел со чешкиот состав, кој сега за разлика од претходните ситуации има во џебот пласман на Европското Првенство.

Чесите вообичаено играат многу послабо на гостински терен отколку дома, а најлошо минуваат токму во Скопје, од каде вообичаено си заминуваат со наведнати глави.

Впрочем, тие се уште добро ја паметат пресметката од минатиот јуни, кога дојдоа во Скопје полни со самодоверба по победата од 32-26 во Злин. Сепак, и тоа не им беше доволно, па Македонија беше селекцијата што обезбеди мундијалски билет, откако во СЦ „Борис Трајковски“ славеше со 34-27.

Ова видео со најинтересните моменти од ланскиот дуел нека послужи како најава – за репризата што сите ја посакуваме вечерва, за нова победа над Чесите и ново учество на Македонија на големите ракометни натпреварувања.

Се вчитува...