Како против Зенит: Со Велковски и Грнчаров во одбраната, и ист напад!

Во голема мера веќе е познат стартниот состав на Вардар за вечерашниот прв натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против рускиот Зенит на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски нема многу да менува во однос на претходните настапи на европската сцена и онаа победа против Фенербахче во Истанбул, со тоа што во одбраната, пред голманот Филип Гачевски, се очекува старт од првата минута на репрезентативецот Дарко Велковски заедно со капитенот Бобан Грнчаров. Поради повреда отпаѓа досега стандардниот Евгениј Новак. На крилните дефанзивни позиции Хамбарџумјан и Брдаровски, со можност и за Бесир Демири од првата минута.

Vardar sostav

Во средниот ред се очекува почетен старт на Бобан Николов и Никола Глигоров, дополнети со Хуан Фелипе, и во офанзивата Џигаури и Блажевски по крилните позиции, и ерменскиот репрезентативец Барсегјан како најистурен во нападот.

Натпреварот меѓу Вардар и Зенит почнува од 21:05 часот на националната арена „Филип Втори“.

Се вчитува...