Како си помина Јунајтед во Скопје? Прашајте го Фелаини…

Манчестер јунајтед ќе почека уште одреден период до освојување на нов трофеј од Суперкупот на Европа, откако синоќа загуби од европскиот првак Реал Мадрид со 2-1 во мегаспектаклот во Скопје. Избраниците на Жозе Мурињо не можеа да им се спротивстават на „кралевите“, кои имаа речиси комплетна контрола на играта и на резултатот. Манчестер јунајтед притисна при крајот, но не успеа да стигне и до израмнување за продолженија.

Најинтересната фотографија сепак ја понуди Маруан Фелаини. Неговиот израз на лицето во еден момент од мечот, како јасно да отсликува како си помина Јунајтед во Скопје.

„Благодарам за оваа фотографија. Навистина е интересна“, напиша тој на Твитер, откако си го виде изразот на лицето.

Се вчитува...