Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa
Ekipa

Како умира фудбалот во Македонија: Згасна и ФК Брегалница – Делчево (ФОТО)

Како умира фудбалот во Македонија: Згасна и ФК Брегалница – Делчево (ФОТО)
На градовите како Гевгелија, Велес, Македонска Каменица, Кочани, Валандово, Ресен... кои некогаш нудеа стабилни фудбалски екипи а денеска нудат само инфраструктурен фудбалски пустош, од оваа сезона за жал им се приклучува и Делчево...

Неодамна ЕКИПА објави ФОТО сторија од тажната состојба во која се наоѓа
стадионот на ФК Кожув во Гевгелија, град кој веќе дефинитивно го губи фудбалот
од „картата“ на свои спортови.

 

Но за жал приказната за умирањето на македонскиот фудбал не започнала од
југот на земјата и не завршува само таму. На градовите како Гевгелија, Велес,
Македонска Каменица, Кочани, Валандово, Ресен… кои некогаш нудеа стабилни
фудбалски екипи а денеска нудат само инфраструктурен фудбалски пустош, од оваа
сезона за жал им се приклучува и Делчево.

 

Некогашниот амбициозен македонски прволигаш од кој потекнуваат и во кој
играле плејада македонски прволигашки имиња и репрезентативци, ФК Брегалница –
Делчево по 86 годишно постоење од оваа сезона и официјално згасна како клуб.

 

Минатата сезона Брегалница Делчево убедливо го освои првото место во
Третата лига Исток очекувајќи го сезонава настапот во второлигашката
конкуренција. Но, и покрај најавите за влез на бројни спонзори како би се
стабилизирал клубот, од тоа апсолутно ништо.

 

Напротив, фудбалерите оставени сами на себе, без никаква помош ниту од
Општина Делчево која е тотално незаинтересирана за спортот во градот,
индивидуално бркаа пари за да се плати неопходната котизација за настап во
Втората лига. Кога не се успеа во тоа веќе беше јасно дека Брегалница повторно
ќе настапува во Третата лига – Исток… Но, следи уште еден шок откако
Општината одбива дури да плати и само 30.000 денари за тимот да игра во Третата
лига оставајќи го буквално клубот, исфрлен и од третолигашката конкуренција, дефинитивно
да згасне…

 

Тотално незаинтересирани за ситацијата во која се најдоа бројни клубови во државава веќе
долги години се и од Општинските сојузи но и од Фудбалската федерација на
Македонија.

 

Новиот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски најави дека една од главните негови
битки на оваа функција ќе биде подобрувањето на инфраструктурните услови за
фудбалските клубови, но и сериозна подршка за повторно заживување на сите
некогашни фудбалски центри. Останува времето да покаже колку ќе биде
реализирано тоа…

 

А, до тогаш ние и преку
фотографиите од фејсбук профилот на Брегалница – Делчево ќе бидеме сведоци на
уште една „акција“ на актуелната генерација фудбалски работници, државни и
локални функционери, кои оставаат онака лесно да се уништува се што некогаш
било гордост…

 

 

 

 

 

 


Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.