Како за утеха, на Шпанците им одржавме „лекција“ во фудбал на плажа (ФОТО)

Домаќините на Европското првенство во Полска секојдневно се обидуваат да овозможат и забава за домашните фудбалски фанови, но и сите гости присутни деновиве во Гдиња.

Токму во таа насока е и турнирот во фудбал на плажа на преубавиот морски кеј во Гдиња, на кој партиципираат шест тимови под знамињата на Македонија, Шпанија и Португалија, трите селекции на ЕП 2017 чија база во Полска се Гдиња и Сопот.

mkd-esp 2

Е, ака младите шпански фудбалери ни сервираа убедлив пораз на Европскиот шампионат, домаќините велат, како за утеха, во фудбал на песок Македонците покажаа сериозен степен на фудбалски мајстории. На крајот резултатот и не беше најважен, но секако забавата…

mkd-esp 4

Веќе утре на турнирот во фудбал на плажа, меѓу себе ќе играат тимови на Шпанија и Португалија, а македонскиот тим во петок го очекува дуел со Португалија.

mkd-esp 3

Се вчитува...