Каков блесок на Интер – Икарди ја уништи Сампдорија

Интер конечно блесна во ист сјај како во првиот дел од сезоната, па „нероаѕурите“ одиграа фантастичен натпревар на гостински теерен против Сампдорија, декласирајќи го домашниот тим со 0-5.

Ова беше најубедлива гостинска победа во Серија А сезонава, до која тимот на Спалети дојде благодарение на одличниот Икарди, кој четири пати ја затресе мрежата на својот поранешен клуб. Сите дилеми околу победникот беа решени во периодот од 26. до 31. минута, кога Интер набрзина поведе со 0-3, отворајќи го резултатот преку Перишиќ, а потоа постигнувајќи уште двола гола преку Икарди. Аргентинецот го комплетираше својот хет-трик во 44. минута, за потоа на стартот од второто полувреме да ги постави конечните 0-5.

Се вчитува...