Каков меч: Лазаров перфектен, Нант спаси бод против Некар Левен

Неполна седмица откако доби минимална минутажа против Вардар, Кире Лазаров вечерва блесна во сиот свој сјај помагајќи му на Нант да избегне пораз на дуелот против Некар Левен (26-26).Македонскиот „бомбардер“ одигра перфектен натпревар постигнувајќи шест гола од исто толку обиди, оној последниот воедно и најважен, за намалување на 25-26 на нешто повеќе од една минута до крајот. Нант потоа стигна до 26-26, а за таквиот конечен исход најзаслужен е Думулан, кој на помалку од десет секунди до крајот му одбрани пенал на Анди Шмид.Лазаров со шест гола беше најефикасен кај Нант пред Лагард со пет, додека Шмид го заврши мечот со седум гола за Некар Левен, но на крајот сепак беше трагичар на германскиот шампион. Филип Талески беше во составот на „лавовите“, но не влезе во игра на оваа средба.

Се вчитува...