Каков меч за Кировски на Тајланд: Сам им даде ПЕТ ГОЛА на противниците

Македонскиот фудбалски интернационалец Христијан Кировски имаше фантастично издание во тимот на Чиангмаи, во Втората лига на Тајланд, откако самиот постигна пет гола на мечот против Трат. Во петтото коло од шампионатот, Кировски блесна во полн сјај и дури пет пати ја тресеше мрежата на противничкиот состав. Ова досега не му успеало на ниту еден друг фудбалер во клупската историја.

Кировски ја отвори серијата голови во 22.минута, а останатите четири гола следуваа во второто полувреме. Поранешниот фудбалер на Вардар, Работнички и на Шкендија, кој има и завидна интернационална кариера, погоди и во 58’, 67’, 76’ и 90’.

Неговиот тим Чиангмаи по пет одиграни кола се наоѓа на седмата позиција на табелата со седум освоени бода.

[youtube id=”uIrrxxhWFt0″ width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...