Каков пресврт: „Жолтата подморница“ го потопи Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид сега заостанува дури 11 бода зад лидерот Барселона откако тимот на Диего Симеоне вечерва загуби на гостувањето против Вилјареал со 2-1.

„Јорганџиите“ имаат за што да жалат бидејќи долго време имаа предност по сомнителниот пенал врз Гризман што истиот фудбалер го претвори во гол. Коке при резултат 0-1 го погоди дирекот, за потоа Вилјареал да тргне во офанзива и во последните десет минути да направи целосен пресврт, со двата погодоци на Унал.

Финишот беше тензичен, па гостите од Мадрид го завршија мечот со десет фудбалери по црвениот картон што го заработи Витоло.

Се вчитува...