Каков среќник е Кевин Трап: Со прекрасната Изабел на одмор во Сент Бартс

Животот го помилува Кевин Трап. Тој го носи дресот на францускиот првак Пари Сен Жермен и на професионален план навистина нема од што да се пожали, а во приватниот живот е уште поголем среќник. Кевин успеа да ја ќари Изабел Гулар, една од прекрасните модели на „Викторија Сикрет“, со која во моментов ги ужива празниците на одмор во Сент Бартс.

Изабел е неверојатна, но припадничките на понежниот пол би рекле дека и Кевин ’не е за фрлање’. Со нивните атлетски тела го привлекоа вниманието на плажите, а не останаа незабележани и од папараците.

Се вчитува...