Каква победа, кога Нејмар заработи повреда (ВИДЕО)

ПСЖ го победи Олимпик Марсеј со 3-0, но фановите на парискиот тим не можеа да се израдуваат чесно на овој триумф. Причината е повредата на Бразилецот Нејмар, кој го повреди скочниот зглоб во 77.минута, и од теренот беше изнесен на носилки, и во солзи. Јасно е дека ќе отсуствува одреден период, и многу големо прашање е дали ќе може да настапи на реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...