Каква птица го стори ова: Авионот на Оклахома сити едвај стигнал до Чикаго

Кошаркарите на Оклахома сити тандер се соочија со огромна опасност откако авионот со кој летале на огромна височина се удрил во птица, по што се здобил со сериозно оштетување.

Пилотот за среќа успеал да слета на аеродромот во Чикаго, но членовите на тандер не ја криеја шокираноста од оваа случка.

„Какво животно/или што и да е, што лета на иста висина како авион може да предизвика вакво нешто“ – објави Шпанецот Алекс Абринес, постирајќи слика од оштетувањето на предниот дел од авионот на својот твитер профил.

Се вчитува...