Какво финале: Канада „падна“, Шведска е новиот првак во хокеј на мраз

Шведска е новиот владетел на светскиот хокеј на мраз откако оваа скандинавска селекција славеше на вечерашното финале во Келн над досегашниот првак Канада, и тоа по подобро изведување на пенали.

Мечот по трите третини заврши 1-1, во дополнителните дваесет минути не беше постигнат ниту еден погодок, по што беше јасно дека светскиот првак ќе го дадат пеналите. Во „рулетот“ блесна шведскиот голман Хенрик Лунквист, кој ги одбрани првите четири пенали на досегашните прваци, па Швеѓаните со головите на Бакстром и на Екман-Ларсон си ја осигураа титулата.

Со тоа, Шведска повторно се искачи на врвот на светскиот хокеј, за јубилејно десетто злато од мундијалите, прво по 2013 година.

Се вчитува...