Калјехон погоди директно од корнер, Наполи го среди и Сасуоло

Минатонеделното реми со Интер не го наруши ритамот на Наполи, па избраниците на Сари сега за некоолку дена нанижаа две победи, оваа втората на домашен терен против Сасуоло со 3-1. „Наполитанците“ одиграа во својот препознатлив ритам, создадоа убави шанси од кои искористија три, за нови три бода и задржување на врвот на табелата. Првиот гол го постигна Алан откако украде една топка на триесетина метри од противничкиот гол, а вториот беше ремек-дело од корнер на Калјехон. Конечните 3-1 во второто полувреме ги постави најдобриот стрелец на „наполитанците“, Дрис Мертенс.

Горан Пандев ги одигра последните триесетина минути за Џенова, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз на гостувањето против Спал (1-0). Македонскиот капитен влезе во игра откако Антенучи го донесе домаќините во водство, но Џенова и покрај неколкуте создадени шанси не успеа да стигне до израмнување.

Фиореннтина неочекувано загуби на гостувањето против Кротоне со 2-1, додека Сампдорија лесно и убедливо го совлада Киево со 4-1.

Резултати Италија:

Беневенто – Лацио 1-5, Кротоне – Фиорентина 2-1, СПАЛ – Џенова 1-0, Наполи – Сасуоло 3-1, Удинезе – Аталанта 2-1, Сампдорија – Киево 4-1.

Се вчитува...