Камил Штох го одбрани олимпиското злато од Сочи

Полскиот ски-скокач Камил Штох го освои златниот медал на големата скокалница на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Тој ја одбрани титулата што и пред четири години ја освои во Сочи, и го повтори успехот на легендарниот „летечки Финец“, Мати Никенен.

Штох, кој беше првопласиран на Новогодишната турнеја, а е доминантен и во Светскиот куп, стигна до првото место на големата скокалница во Пјонгчанг со скокови од 135 и 136,5 метри.

Германецот Андреас Велингер беше второпласиран и го освои сребрениот медал, додека трет беше Норвежанецот Роберт Јохансон.

Се вчитува...