Канелјас се надева на уморен Рајн Некар Левен

На средина од групната фаза во Лигата на шампионите, Вардар е на лидерската позиција во групата А, без пораз, со шест победи и само едно реми по првите седум натпревари. И со тенденција да остане во победничка серија и во наредните два меча во кои „црвено-црните“ ги очекува најголемото искушение – двата дуели со второпласираниот Рајн Некар Левен.

Првиот од двата натпревари со германскиот шампион е в сабота во Скопје, вториот на 26 ноември во Манхајм. Вардарци по неделното гостување во Загреб, утре ги очекува дуиелот со Динамо Панчево во регионалната СЕХА лига. Рајн Некар Левен пак, по тешкото гостување во Барселона, во четврток пред дуелот со Вардар, го чека уште еден меч во гости против Мелсунген.

Бекот на Вардар, Жоан Канелјас, се надева дека Рајн Некар Левен ќе биде уморен по серијата гостувања и дека тоа може да биде шанса за вартдарци во претстојните два дуели.

Рајн Некар Левен игра многу добро. Би сакал да кажам дека се уморни бидејќи играат многу натпревари. Но, не знам – тие се добри. Играат многу 7 на 6 исто како и минатата сезона. Тешко е да се победат затоа што тие држат ритам цел натпревар. Истото тоа го направија и против ПИК Сегед минатата недела. Значи, тие се многу добри“ – истакнува Канелјас.

Шпанскиот бек во дресот на Вардар се осврна и на претходниот меч на вардарци против Загреб потенцирајќи дека најголема заслуга за триумфот има добрата одбран и Арпад Штербик на голот.

Загреб постигна само 23 гола, што значи дека напата одбрана беше навистина добра и како и обично, нашиот голман. Штербик беше брилјантен. Кога одбраната е добра и голманот брани, лесно е да се победи. Минатата сезона во Загреб имавме лошо второ полувреме што не чинеше пораз, па затоа сега бевме дополнително фокусирани“ –  вели Жоан Канелјас.

Се вчитува...