Канелјас: Секогаш е мотивирачки да се игра во „Палау“

Ракометарите на Вардар денеска го одржаа и тренингот во салата „Палау Блауграна“, каде утре ќе излезат на мегдан против Барселона повторно да го земат скалпот на каталонскиот гигант како што тоа го сторија во полуфиналето од Ф4 во Келн, но и во првиот меѓусебен дуел сезонава што се одигра во Скопје.

За Жоан Канелјас и за Хорхе Македа дуелите со Барса секогаш се посебни бидејќи станува збор за клуб во кој двајцата „вардарци“ имаат настапувано во текот на својата кариера.

„Повеќе од десет години подоцна, еве сме … на исто место со Македа. Секогаш е убаво, специјално и мотивирачки да се вратиш назад“ – напиша Канелјас на својот твитер-профил.

Се вчитува...