Канерва: За Финска е добар резултат ако ремизира против Македонија

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Фудбалските селекции на Македонија и на Финска ремизираа без голови на пријателскиот натпревар што се одигра во Белек, Турција, на стадионот „Глорија Арена“. Во дуел без многу вистински шанси, Македонија може да жали за неискористената можност на Аријан Адеми, кога голманот Лукас Храдецки му „скина зицер“, додека кај Финците, Робин Лод ја имаше најзрелата можност за погодок. Но, се чини дека ремито е најреален епилог според прикажаното на теренот, а со тоа се сложи и селекторот на Финска, Марку Канерва.

„Го знаевме квалитетот на Македонија и во пресрет на овој натпревар. Тоа е одлична селекција која навистина знае да го притисне противникот. Овој резултат, 0-0, веројатно е и најреален исход на пријателскиот натпревар. За нас, тоа е добар епилог. Имавме убава проверка, имаше и грешки, непрецизни додавања, но и добри акции. Имавме и шанса за победа преку Робин Лод. И Македонците можеа да победат, кога Храдецки не спаси да не примиме гол. Во секој случај, задоволен сум од тестот и ќе продолжиме да се подготвуваме за следните предизвици“, изјави селекторот на Финска, Марку Канерва, по пријателскиот натпревар со Македонија.

Се вчитува...