Канте повреден, го пропушта одлучувачкиот меч за Франција

Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте се повреди на натпреварот против Бугарија.

Французите со голот на Матуиди славеа во Софија, па се наоѓаат само на победа од пласман на СП. Но на дуелот повреда заработи одличниот фудбалер од средниот ред на Челси, кој се здоби со повреда на прстот.

26-годишниот Канте и дефинитивно ќе го пропушти дуелот со Белорусија за два дена, во кој Французите ќе имаат можност да го заверат пласманот на Мундијалот во Русија.

Во Сараево, пак, на дуелот меѓу БиХ и Белгија, повреда заработи и белгискиот репрезентативец Маруне Фелаини. Тоа го налути Жозе Мурињо кој бараше од Белгија да го ослободи Фелаини затоа што натпреварот не им беше од претерано значање. Сега во Манчестер јунајтед го враќаат повреден, со најава за пауза од најмалку еден месец поради повреда на лигаментите.

Се вчитува...