Капитенот на Беневенто паднал на допинг – тест во Серија А

Новиот калчолигаш Беневенто има многу лош старт на сезоната во Серија А,а нови главоболки пристигнаа откако капитенот на тимот, Фабио Лусиони, се покажа позитивен на допинг – тест. Тој паднал на тестот по мечот со Торино на 10 септември, откако во неговото тело е пронајдена забранета супстанца. Лусиони сега има автоматска суспензија за настапи, а ако и Б-примерокот се покаже позитивен, тогаш го очекува и голема казна од ФИФА.

Во телото на 29-годишниот фудбалер е пронајдена анаболички стероид, супстанцата „Клостебол“, која е забранета според Антидопинг – агенцијата на Италија. Лусиони, кој во Беневенто пристигна во 2014 година, ризикува суспензија од фудбалот во траење од една до четири години.

Се вчитува...