Карабах освои историски бод во ЛШ против Атлетико Мадрид

Карабах, претставникот на Азербејџан, го освои првиот историски бод во Лигата на шампионите, откако во Баку ремизираше без голови против Атлетико Мадрид. Одбраната на домашниот тим успеа да издржи, и покрај тоа што во последните 15 минути играше со играч помалку по исклучувањето на Ндлову.

Фернандо Торес и Антоан Гризман имаа убави шанси за да донесат триумф за шпанскиот тим, но не беа прецизни.

Атлетико Мадрид по три кола во групата Ц од Лигата на шампионите се уште е без победа и има само два освоени бода.

Се вчитува...