Карачиќ: Целта беше да влеземе и да излеземе како европски шампиони

Вардар по трет пат сезонава покажа надмоќност против ППД Загреб, еднаш во регионалната СЕХА лига и два пати во дуелите од Лигата на шампионите. За прв пат во ЛШ вечерва вардарци излегоа победнички од загрепска „Арена“ и не дозволија да им се повтори ланската грешка кога во вториот дел прокоцкаа пет гола предност и го загубија натпреварот. Вардар го има речиси истиот состав, но во однос на лани овој пат во Загреб гостуваше како актуелен европски шампион.

Им честитам на моите соиграчи за борбеноста во вториот дел. Се сеќаваме на минатата година и цел беше сега да влеземе и да излеземе од терен како европски шампиони. Покажавме квалитет и на крај се испадна супер, најмногу благодарение на извонредниот Арпад Штербик, но и на нашата одбрана која функционираше одлично. Пред нас се важни натпревари во Лигата на шампионите, целта е позната – одиме понатаму“ – истакна Игор Карачиќ, еден од тројцата хрватски репрезентативци во дресот на Вардар.

Се вчитува...