Караско го пропушта двомечот со Реал Мадрид во ЛШ?

Белгискиот интернационалец Јаник Караско го повреди рамото на синоќешниот меч против Вилјареал, што само ги зголеми маките на Диего Симеоне, чиј тим забележа пораз (0-1) на домашен терен. Караско влезе во второто полувреме, но многу брзо мораше и да го напушти теренот. По непријатниот судир со Рукавина, тој заработи повреда на десното рамо, по што веднаш замина и во болница. Во текот на денешниот ден ќе му бидат направени и детални лекарски прегледи, но јасно е дека Белгиецот е крајно неизвесен за двомечот со Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот дуел се игра на 2 мај на „Сантијаго Берабеу“, а реваншот е осум дена подоцна на „Висенте Калдерон“. И Реал Мадрид ќе биде ослабен, со оглед дека овие дуели ќе ги пропушти велшкиот интернационалец Герет Бејл, кој го повреди мускулот на ногата на „Ел Класико“.

Се вчитува...