Каратистите традиционалци на „Дунав Опен“ во Виена

Македонската репрезентација во традиционално карате отпатува за Виена, каде од 16. до 18. март ќе земе учество  на Европскиот  Фудокан Карате Куп „Дунав Опен 2018“ за сениори, јуниори, кадети и деца. Македонската селекција во традиционално карате ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Јадранка Недев, Емилија Јанчевска, Димитри Влахо, Иван Трпковски, Димитар Витанов, Дамјан Таневски.

Пред натпреварот ќе се одржи и карате семинар со д-р. Илија Јорга 10 дан, а натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите дисциплини во традиционалното карате.

Се вчитува...