Карено Буста предаде, Надал експресно во полуфиналето на Ролан Гарос

Рафаел Надал е прв полуфиналист на Ролан Гарос откако големиот фаворит експресно ја мина својата четвртфинална пречка, славејќи против Пабло Карено Буста. Надал имаше водство од 1-0 во сетови откако лесно ја доби почетната битка со 6-2, за веднаш потоа Карено Буста да се пожали на повреда.

По укажаната лекарска помош шпанскиот тенисер се обиде да продолжи, но откако Надал поведе со 2-0 и во вториот сет, Карено Буста го предаде мечот.

За Надал ова е 10. полуфинале на Ролан Гарос, во кое специјалистот за земјена подлога ќе се сретне со подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Тием.

Се вчитува...