Кари го престигна Коби Брајант на вечната листа на најдобри тројкаши

Стеф Кари го престигна Коби Брајант на вечната листа на најдобрите тројкаши во НБА лигата.

Во гостинскиот пораз на Голден стеј од Чикаго (94-87), Кари постигна 23 поени, од кои две тројки, што му беше доволно да ја претекне легендата на ЛА Лејкерс на 11. место на вечната листа.

Кари во кариерата постигна 1.828 тројки, една повеќе од Брајант. Оваа сезона уфрли 235 шута надвор од линијата за три поени од 588 обиди, или 40% ефект.

Се вчитува...