Кари се враќа на паркетот против Атланта

Плејмејкерот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, ќе се врати на кошаркарките терени на мечот против Атланта, закажан за во сабота. Двократниот НБА шампион ги пропушти последните пет средби на „воините“ поради повреда на скочниот зглоб, која ја здоби во победата над Сан Антонио спарс пред десетина дена.

По денешните прегледи Кари доби „зелено светло“ за настап, секако доколку не се појават дополнителни компликации до петок, еден од најдобрите НБА шутери повторно ќе ја забавува публиката.

Актуелните бранители на титулата во истиот период настапуваа и без Кевин Дурант и Клеј Томпсон, а во петте меча забележаа две победи. Тие двајца и натаму се вон строј, Дурант има болки во пределот на ребрата, додека Томпсон се опоравува од фрактура на прстот од десната рака.

Се вчитува...