Кариерата доведена во прашање: Ван Перси ги скина лигаментите на коленото?

Холандскиот интернационалец Робин ван Перси заработи сериозна повреда на коленото која може да ја доведе во прашање и неговата кариера. Холандските медиуми информираат дека напаѓачот на Фенербахче, кој настапи и против Вардар во Лигата на Европа, ги скинал лигаментите на коленото на тренинг со националниот тим.

Ван Перси настапи за Холанѓаните на мечот против Франција, а еден ден потоа заработил повреда на тренинг. По ова, тој речиси сигурно ќе отсуствува до крајот на годината, а големо прашање е дали и ќе му се врати на фудбалот, со оглед на неговата возраст (34). Тој за Холандија има 101 настапи и 50 голови.

Златан Ибрахимовиќ заработи слична повреда во април, но сега е на прагот на враќање на терените во дресот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...