Карло Анчелоти ги откачи „аѕурите“

Карло Анчелоти нема да биде наследникот на Џанпјеро Вентура на клупата на италијанската репрезентација откако искусниот стратег ја одбил понудата што ја добил од претседателот на федерацијата, Карло Тавекио.

Првиот човек на италијанскиот фудбал се надеваше дека со ангажманот на Анчелоти ќе ја запре лавината критики по шокот во баражот за СП, но екс-тренерот на Реал Мадрид и Баерн Минхен по кратките разговори јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за оваа функција.

Анчелоти нема да биде новиот селектор на Италија. Тој има поставено пред себе поинакви цели и се уште ќе биде дел од клупскиот фудбал. Не сака да покаже непочитување кон никого, едноставно во моментов не е заинтересиран за селекторска функција“ – откриваат извори блиски до трофејниот стручњак.

Се вчитува...