Карлос Саинц – победник на релито Дакар

Карлос Саинц е победник на овогодишното издание на релито Дакар, кое повторно се возеше во неколку држави од јужноамериканскиот континент. Шпанецот најдобро се снајде на тешките услови пред кои потклекнаа неговите ривали, Рома остана заглавен во дуните во Перу, Деспрес го скрши воланот, Лоеб исто така остана закован во перуанскиот песок, не успевајќи да ја доврши трката.

Во пеколните петнаесетина дена не се снајде ниту Ал Атијах и Петерхансел, па Саинц на крајот заслужено да се искачи на највисокото место од пиедесталот, вторпат во неговата кариера (по идентичниот успех во 2010 година).

Австриецот Матијас Волкнер триумфираше на релито Дакар во конкуренција на мотори, додека меѓу камионџиите втора година по ред најдобар беше Едуард Николаев од Русија.

Се вчитува...