Карлос Сајнц се повлече од релито Дакар по стравичниот инцидент… (видео)

Карлос Сајнц беше принуден да се повлече од Релито Дакар 2017 како резултат на вчерашниот стравичен инцидент.

Победникот од Дакар 2010, и двократен светски рели шампион, излета на три милји од крајот на вчерашната четврта етапа. Сајнц и ко-возачот Лукас Круз по излетувањето очекуваат комплетна поправка на возилото, но сепак финалниот денешен заклучок е дека нема да може на време да се реализираат неопходните поправки.

Но, дури и на време да можеше да финишираат поправките на возилото, како што изјави Сајнц, не е сигурен дали ќе може да одговори соодветно на следните трки поради повредите добиени во инцидентот.

Сајнц беше еден од повеќето возачи кои изгубија време со навигациски проблеми претходно на патеката, поради што во финишот, во желбата за подобро време, ризикуваше со трка на „се или ништо“.

„Изгубивме многу време на стартот од трката, па потоа мораше да надополнуваме, и надополнуваме, и надополнуваме… Па кога преземате потоа толку ризици, се случуваат и такви нешта каков што беше овој инцидент. Важно е дека се мина без потешки повреди за нас“ – истакна Сајнц.

Се вчитува...